Звонимир Срна беше јунакот со голот во завршницата, откако загрепчани прокоцкаа плус три во завршниот период во кој за две минути српскиот првак дојде до израмнување 23-23 на 16 секунди пред крајот. Откако сѐ искомпликуваа, на крај спасуваа жива глава и успеаа да дојдат до победа за да го заверат местото меѓу најдобрите четири.
Екс-вардарецот Иван Чупиќ беше најефикасен со шест гола, а Срна додаде пет, додека Милош Грозданиќ и Барис Пуховски погодија по четирипати за Војводина.
Фајнл-форот ќе се игра од 2 до 4 септември во Загреб, а идната недела Вардар против Нексе и Пелистер против Мешков Брест ќе се борат за последните две визи за завршницата во регионалното натпреварување.