Хрватската ракометна репрезентација денеска го совлада Исланд во претпоследниот натпревар од второто коло на Европското првенство со 23:22, а еден од најдобрите ракометари на теренот беше ветеранот Иван Чупиќ, кој беше втор стрелец на Хрватска со пет гола.
Во пресрет на натпреварот, кога играчите излегоа на теренот, камерите уловија интересна тетоважа на ногата на Чупиќ. Многу спортисти имаат тетоважи посветени на членовите на своето семејство, а Чупиќ својата ја направил во чест на сопругата и ќерките кои го чекаат дома.
Сопругата Нера и четирите ќерки, Мара, Барбара, Ива и Ника го чекаат Чупиќ дома, а на нив им е посветена тетоважа на татко кој ја држи ќерка си за рака, а во облакот има четири срца.