Колубискиот велосипедист Еган Бернал, победник на Тур де Франс 2019 и актуелен шампион во Гира, доживеа сообраќајна несреќа додека тренираше во неговата земја, откако удри во задниот дел на автобусот кој нагло запре, соопшти неговиот тим Инеос.
25-годишниот Бернал е повреден во судир со автобус и во свесна состојба завршил со бројни повреди во болница. Несреќата се случила на триесетина километри северно од главниот град Богота, а на фотографиите кои ги објавија локалните медиуми, велосипедистот лежи на земја опкружен со своите колеги со кои тренирал.
Според соопштението на полицијата, Еган Бернал удрил во задниот дел од автобусот, кој нагло запрел. Според колумбискиот печат, повикувајќи се на роднините на спортистите, тој ја скршил чашата во коленото и бутната коска и ќе мора да оди на операција.