На Африканскиот куп на нации се случи необична ситуација. Во плеј-офот на ова натпреварување играат репрезентациите на Камерун и Kомори, а особено е интересна приказната што им се случи на репрезентацијата на Комори.

Натпреварот против домаќинот Камерун мораа да го одиграат без голман затоа што АФКОН, федерацијата на африканскиот фудбал, не му дозволи на нивниот голман Али Ахамади да настапи и покрај тоа што на утринскиот тест беше негативен на коронавирус. Ахамада беше позитивен на тестот во саботата, па АФКОН се придржуваше до правилото дека играчот мора да биде во карантин најмалку пет дена пред да излезе со негативен тест.

https://twitter.com/YesWeCrann/status/1485708356509704198?s=20

Комори останаа без голман бидејќи се повреди Салим Бен Боина, а позитивен на корона беше и Мојад Усеини. На голот застана 30-годишниот играч на Ајачио, Чакер Алхадхур.