Каталонскиот гигант Барселона покажува голем интерес за шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш од редовите на Спортинг Лисабон. Барса шведскиот напаѓач го смета како огромно засилување но и долгорочен наследник на полскиот репрезентативец Роберт Левандовски, пишува „Спорт“. Каталонците имаат припремено стратегија за неговиот трансфетр.

Барселона планира да го откупи Ѓокереш за околу 70 милиони евра. После трансферот, Швеѓанецот би останал на позајмица во Спортинг уште една сезона. а би пристигнал на „Камп Ноу“ во 2026 година, кога би станал главниот напаѓач на Барса.

Ѓокереш, оваа сезона прикажува одлични игри во дресот на Спортинг, и е едно од најпосакуваните имиња на фудбалскиот трансфер пазар. Покрај Барселона, за него се заинтересирани и други европски гиганти како Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, а тоа значи дека Барселона ќе има сериозна конкуренција за неговиот потпис.