Извонредниот бразилски репрезентативец Винисиус Жуниор го постигна својот прв хет-трик во едно Ел Класико, но до него дојде на неверојатен начин – за само 45 минути.

Реал водеше против Барселона со 3-1 во финалето од шпанскиот Суперкуп, а централна фигура е „седумката“ на мадридскиот тим. Винисиус погоди во седмата и десеттата минута, Левандовски намали, но Бразилецот потоа од пенал ги постави конечните за првото полувреме, 3-1.

 

Покрај сето тоа, Винисиус е прв Бразилец што постигнал хет-трик за Реал против Барселона и прв фудбалер во историјата на шпанскиот Суперкуп со хет-трик. Кога станува збор за Ел Класико, тој е 24. фудбалер во историјата со хет-трик, а интересно е тоа што на оваа листа го нема Кристијано Роналдо.

https://twitter.com/i/status/1746623229010018679