По неколку неуспешни преговори меѓу двете страни, се чини дека Oсман Дембеле и Барселона постигнале конечен договор.
Официјално соопштение од Барселона се уште не е објавено поради фактот што страните не се договориле за последните детали околу платата, но работите се помалку – порешени, бидејќи играчот им порача на клупските челници да останат, да бидат среќни и да не го гледаат во друг тим.
Дембеле во последните години го попречуваат повредите, па навивачите на Барселона го сметаат за промашен трансфер, со оглед на тоа што во 2017 година беше платен 135 милиони евра во тимот на Борусија Дортмунд.
“Дембеле сака да остане во Барселона. Тој е среќен тука и уверен сум дека ќе ја продолжи кариерата тука. Тој веќе знае што е спортски проект овде, знае што ќе следи, но и каква важна улога ќе има”. – изјави Чави.
„Можеби му недостасуваат голови кои би му дале поголема самодоверба, но сепак успева да направи разлика“, додаде Чави.
Дембеле оваа сезона одигра седум натпревари во Барселона и постигна една асистенција.
Ова е уште една добра вест за навивачите на Барса кои претходно денеска дознаа дека Феран Торес ќе пристигне од Манчестер Сити во јануари. Се верува дека Каталонците ќе платат 55 милиони евра за шпанскиот репрезентативец со бонуси.
Чави сака свежа крв во јануари, се очекуваат уште некое засилување, за конечно клубот да се врати на победничките патеки по турбулентната полусезона.