Екипата на Интер Мајами синоќа играше пријателски натпревар против јапонскиот прволигаш Кобе. Дуелот заврши со триумф на јапонците после изведување пенали, откако во регуларниот дел од средбата резултатот беше 0-0.

Лионел Меси конечно се појави на Азиската турнеја во својот тим, откако влезе во игра во 60. минута, но по средбата беше жестокот нападнат на социјалните мрежи поради однесувањето за време на изведувањето пенали.

 

Аргентинецот беше уловен како заедно со Жорди Алба се смее по промашувањето на нивниот соиграч Тејлор и тоа двапати по ред, откако неговиот удар беше повторен поради недозволено движење на голманот.