Светската фудбалска куќа одлучи да и забрани на Русија да се натпреварува под тоа име во иднина.
Отсега официјалното име на руската фудбалска репрезентација ќе биде: „Тим на Фудбалскиот сојуз на Русија“.
И тоа не е се од одлуките на ФИФА против рускиот национален фудбал.
ФИФА ја забрани употребата на руското знаме и химна на меѓународни натпревари на кои учествуваат селекциите на Фудбалскиот сојуз на Русија.
Ги забрани и репрезентативните фудбалски натпревари во Русија, па сите репрезентации домашните натпревари ќе ги играат на неутрален терен и без публика.
„Исклучувањето на руските тимови од сите натпреварувања останува како можност, доколку конфликтот ескалира“, се вели во соопштението на ФИФА.