Лисандро Мартинез е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, кој ќе плати 55 милиони евра обештетување за трансферот од Ајакс.
Клубовите се договориле во средата, а Аргентинецот уште претходно ги договорил и личните услови под кои ќе се пресели во Манчестер. Новиот менаџер Ерик тен Хаг инсистираше на овој фудбалер со кого одлично соработуваше во Амстердам.
Интересно е тоа што Јунајтед сега на располагање има пет стопери по капитенот Хери Мегваер, тука се и Рафаел Варан, Виктор Линделоф и Ерик Баи.