Англиски Њукасл, кој лани доби нов газда во најбогатиот шеик тежок 360 милијарди долари, Мохамед Бин Салман од Саудиска Арабија почна да се расфрла со пари во изградба на супермоќен тим кој ќе се бори за највисок пласман во Премиерлигата.
Њукасл за 50 милиони евра веќе го договори 19-годишниот талент на француски Ремс, Хуго Екитике, кого го сакаа уште во јануари, но не успеаа тогаш да го договорат, па сега зделката е завршена.
Ремс веднаш ќе добие 36 милиони евра, а остатокот во бонуси и клаузули кои се лесно остварливи. Овој фудбалер за Ремс дебитираше во 2020 година, а во минатата сезона даде 10 гола на 25 меча.
Во најава се уште низа големи трансфери, а наводно над 250 милиони евра ќе потроши овој англиски премиерлигаш за да донесе засилувања.