Челси прави целосна реконструкција во одбранбената линија па откако го ангажираше Калиду Кулибали, сега е пред промоција на Весли Фофана од Лестер, но клубот нема да застане тука.
Познатиот новинар за трансфери, Фабрицио Романо објавува дека „сините“ се во напредни преговори со Лајпциг за дефанзивецот Јошко Гвардиол. Премиерлигашот понудил неверојатни 90 милиони евра за хрватскиот репрезентативец, но ќе му се приклучи на клубот идното лето, односно во јуни 2023 година.
Доколку се реализира овој трансфер, Гвардиол ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Гвардиол идната сезона ќе треба да го замени Тијаго Силва, кој во септември годинава ќе наполни 38 години и веројатно ја игра последната сезона во синиот дрес.