Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски својата кариера ја продолжува во Саудиска Арабија во тимот на Етифак.

Стоперот по четири години минати во Ријека си замина како слободен агент, а цело лето бараше вистински ангажман. Тој се реши да замине во Саудиска Арабија, каде моментално настапува уште еден наш репрезентативец Александар Трајковски во Ал Фајха.