Најмалку 130 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени на фудбалски натпревар во Индонезија.
За жал, бројот на починати се зголемува. Се судрија навивачите на двата најголеми клуба во Индонезија, а потоа полицијата употреби солзавец. Во стампедото кое настанало многумина кои биле на терен биле прегазени или задушени, соопштија локалните власти.