Францускиот Монако не дозволи изненадување против Црвена Звезда и трумфираше со 5-1 во третото коло од Лигата на шампионите. „Кнезовите“ поведоа во 20.минута со голот на Такуми Минамино, а седум минути подоцна Шериф Ендиаје од пенал израмни на 1-1.
Пред крајот на првиот дел, Брил Емболо донесе нова предност за Монако, а во второто полувреме францускиот клуб стигна и до убедлив триумф. Синго во 54.минута постигна фантастичен гол од далечина, Минамино зголеми на 4-1, а серијата голови ја затвори Аклиуче во судиското продолжение.
Милан го победи Клуб Бриж со 3-1. Кристијан Пулишиќ донесе водство за „росонерите“ во 34.минута, а шест минути подоцна Ониедика заработи црвен картон и гостите останаа со десетмина.
Пулишиќ ги шокира гостите со гол директно од корнер, откако фудбалерите на Клуб Бриж не беа внимателни во одбраната.
Кириани Сабе израмни на 1-1 во 51.минута, но Рејндерс брзо ја врати предноста за Милан со голот во 61. минута. Десет минути подоцна Холанѓанецот постигна уште еден гол за 3-1.