Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски со Џирона имаше историска вечер во ЛШ во која ја остварија првата победа совладувајќи го дебитантот Слован Братислава (2-0).
Миовски беше на клупата за резерви, но заради повреда на неговиот соиграч Мартин, влезе во игра во 24. минута. Слован се бранеше од нападите на каталонците до 42. минута, кога Гутиерез го скрши мразот по асистенција на Данџума и акција која претходно ја започна Миовски.
Во второто полувреме, Џирона дојде до солидна предност од два гола, со погодокот на Хуанпе во 73. минута од слободен удар. Во финишот триумфот на Џирона можеше да биде уште поубедлив, но Стуани наместо Миовски доби шанса да шутира пенал, но и тој не успеа како македонскиот напаѓач на претходниот дуел со Феенорд.
Џирона во следното коло гостува кај ПСВ Ајндховен, додека дебитантот Слован ќе му биде домаќин на Динамо Загреб.