Поранешниот македонски ракометен шампион Вардар 1961 го претрпе вториот пораз во групната фаза на Европската лига на ЕХФ, прв на домашен терен и тоа во дуелот со португалскиот Порто.
Португалскиот претставник триумфираше во „Јане Сандански“ откако ги надигра „црвено-црните“ во второто полувреме. Првиот дел донесе голема борба за секоја топка, надигрување во кое избраниците на Недановски се изборија за позитивен резултат и плус два гола на пауза (12:10).
Проблематично за Вардар беше изданието во второто полувреме каде се држеше до 17:17, поточно потоа противникот направи серија од 3-0 и се стекна со предност која потоа ја одржуваше и ги освои бодовите во Скопје.
Со по седум гола најефикасни беа Диого Мартинс и Мамаду Сумаре, додека кај Вардар се истакна Хансер Родригез со четири. Вистинска разлика се виде меѓу стативите, бидејќи Маркес од Порто фати 14 топки, а Мигел Еспиња само пет.