Невиден скандал се случи на церемонијата на затворање на 25. Светско првенство во ракомет за жени во Шпанија.
Првиот човек на ИХФ, контроверзниот Хасан Мустафа (77) се посрамоти веднаш по финалниот меч во кој Норвежанките во борбата за златото ја совладаа Франција.
Мустафа се обиде да им честита на освојувачите на медали, но се збуни кој што освои и од навивачите беше исвиркан. Мустафа им честиташе на Норвежаните за златото, и тоа го погоди, но ги замени Франција и Данска. Иако навивачите во салата жестоко му свиреа на претседателот на ИХФ, тој не се ни извини.