Наполи оствари голем триумф (0-1) на дербито против Милан, а херој на „наполитанците“ е македонскиот репрезентативец Елис Елмас.

„Дијамантот“ реагираше како расен стрелец по корнерот на Зјелински во петтата минута и со удар со глава ја затресе мрежата на Милан.

Во самиот финиш, Милан постигна погодок за израмнување преку Франк Кеси, но по прегледување на ВАР снимката не беше признат поради офсајд ситуација во која се најде Оливие Жиру.

Со овој триумф, Наполи се врати во трката за шампионската титула иако има четири бода негатива во однос на лидерот Интер.

Standings provided by SofaScore LiveScore