Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 1-0 по првото полувреме од последниот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство во Катар. Овој резултат не носи во толку посакуваниот бараж, но ќе мора да го потврдиме триумфот бидејќи и Романија очекувано води на гости против Лихтенштајн.

Македонија тргна фуриозно, се заканија Елмас и Трајковски, а третиот обид на Езгјан Алиоски заврши зад грбот на Елиас Олафсон. Трајковски одлично го проигра Алиоски по левата страна, а тој откосо се одлучи за силен шут и погоди на вистинското место.

Барди се обиде со силен удар од далечина во 22.минута, но не беше прецизен, а три минути подоцна убава можност имаше Милан Ристовски, но Олафсон успеа да одбрани.

Во 40.минута, повторно Алиоски упати бомба од левата страна, а Дарко Чурлинов постигна гол по одбиената топка од исландскиот голман. Сепак, по долга проверка на ВАР – системот беше утврдена офсајд позиција и погодокот не беше признат.

Уште 45 минути ја делат Македонија од остварување на целта.

https://twitter.com/i/status/1459932301845057537