Њукасл славеше со 2-1 на гостувањето кај Тотенхем во рамки на 13.коло во Премиерлигата.
„Црно-белите“ по првото полувреме имаа водство до 0-2 благодарение на головите на Калум Вилсон (31′) после катастрофалната грешка на голманот Лорис, а потоа погоди и Мигел Алмирон (40′). Хери Кејн го постигна единствениот гол за Спарс во 54.минута од натпреварот.
За тимот на Антонио Конте ова е втор пораз едно по друго и трет на последните пет натпревари. Тотенхем останува трет на табелата со 23 бодови, сега само два повеќе од Њукасл на четвртото место.