Африканскиот куп на нации влегува во својата завршница.
Во претходниот дел од турнирот беа забележани голем број контроверзни настани кои ја доведоа во прашање регуларноста на натпреварувањето.
Последниот во низата скандали беше виден во последните моменти од четвртфиналниот натпревар меѓу Буркина Фасо и Тунис.
Имено, главниот судија на натпреварот, Бондо, на 20 секунди пред истекот на 94. минута го досуди крајот на натпреварот, што е сосема доволно за да се организира еден напад. Само за појаснување главниот судија покажа 4 минути судиско продолжување кое истото не го испочитува самиот тој.