Гонсало Рамош кој го даде првиот хет-трик на 22-то Светско првенство во Катар, стана првиот играч после Мирослав Клосе по цели две децении кој дал три гола на еден меч на првиот свој како – стартер.
Клосе во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја дојде до ваков подвиг, а сега Рамош се истакна во мечот на кој Кристијано Роналдо му беше резерва, но уште повеќе стана најмладиот фудбалер со хет-трик после – Пеле.
Само двајца фудбалери во историјата дале хет-трик, а биле помлади од Гонсало Рамош. Првиот е Едмунд Конен со 19 години и 198 дена во 1934 година, а вториот и рекордер Пеле со 17 години и 246 дена на СП во 1958 година. Но, шест децении од Пеле, немаше помлад со хет-трик, сѐ до вечерва.
„Роналдо зборуваше со мене, како и со секој друг во националниот тим, тој е нашиот капитен и нашиот лидер. Секогаш се труди на секого да му помогне. Мој идол е!“, рече Рамош по мечот откако беше избран за МВП на мечот.