На Светското првенство во Катар веќе се одиграни 56 меча од планираните 64 меча, а во трка за највредниот трофеј во историјата на фудбалот, остануваат само уште осум репрезентации. Толку натпревари треба да се доиграат, за да се дознае победникот, осум дуели, а потоа ќе се спушти завесата на овој историски Мундијал, прв одигран во ноември и декември.
Досега вкупно беа постигнати 148 голови, што е 2.64 во просек по меч. Килијан Мбапе со пет погодоци засега е најдобар стрелец, додека синоќа беше виден и првиот хет-трик, а го постигна 21-годишниот напаѓач на Португалија, Гонсало Рамош, кој постигна три гола во убедливата победа на Португалија против Швајцарија со 6:1. Тоа беше и трет дуел кој заврши со 7+ погодоци на првенството.
Зад најдобриот стрелец Мбапе, следи листа од девет играчи со по три погодоци, а уште активни се Лионел Меси, Ришарлисон, Маркус Рашфорд, Бакајо Сака, Оливие Жиру, Коди Гакпо и Гонсало Рамош. На цел турнир засега има само два автогола.
Во осминафиналето, дури шест меча беа со три или повеќе голови, шест беа, а само еден беше без погодоци, што покажува дека сите селекции играат без многу калкулации. Во нокаут фазата, на осум меча беа дадени 28 погодоци, односно просекот е 3,5 гола по средба.
Во 56 меча досега беа покажани само три црвени картони, што потврдува дека дисциплината е на завидно ниво.