Една од најпознатите спортски медиумски куќи ЕСПН објави дека според последните информации трансферот на Мбапе на „Сантјаго Бернабеу“ е веќе завршена работа и како слободе н играч на лето ќе се пресели од Париз во Мадрид.
Шпански медиуми уште во декември најавија дека Реал Мадрид нема ништо да коментира за Мбапе до завршување на осминафиналните титански пресметки со ПСЖ, со цел да не му наштети на француското крило, ама и од почит кон францускиот клуб за да не се создаде непотребна негативна атмосфера.
Затоа се очекува дека Реал на средина на март да објави дека навистина има договор со Мбапе и дека извонредниот фудбалер е нов член на „кралскиот клуб“, нешто што Мбапе не го криеше и летоска призна дека побарал трансфер. ПСЖ не го пушти иако имаше 200 милиони евра на маса, понуда од Флорентино Перез.
Мбапе во ПСЖ досега има 151 гол и 76 асистенции во 198 меча во сите натпреварувања за „светците“.