Во трите меча кои синоќа се одиграа во НБА лигата извојувани се три гостински победи. Па така, тимот на Далас на домашен терен загуби од Феникс со 101:109, во натпревар во кој Девин Букер со 28 поени беше најјефикасен кај победничкиот состав. Лука Дончиќ со идентичен број на поени на спротивната страна, додека Крис Пол застана на 20.

Њујорк Никс пак на домашен терен немаа решение за Њу Орлеанс од кого загубија со конечни 91:102, и за кој Валанциунас имаше „дабл – дабл“ учинок од 18. поени и 10. скока.

Конечно, најголемото изненадување го приреди тимот на Индијана кој по продолженијата беше подобар од тимот на Голден Стејт со конечни 117:121. Дуарте со 27 поени најдобар кај победникот, додека Стеф Кари попусто стигна до 39 коша на овој меч.

Резултати:

Далас – Феникс 101:109

Њујорк – Њу Орлеанс 91:102

Голден Стејт – Индијана 117:121 (по продолжение)