Словенија ќе игра на Светското првенство во кошарка кое ќе се одржи следната година во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Словенците своето место на Мундобаскетот 2023 го обезбедија вечерва, со триумф на свој терен против Германија од 81-75. Иако ги немаше главните ѕвезди, сепак, Словенија извојува победа и резервистите им го потврдија патот на Лука Дончиќ и останатите кои играат на големите настани, а во овој циклус квалификации ги немаше поради обврски кон своите клубови во НБА и Евролигата.
На Европското првенство во септември, во улога на натурализиран Словенец беше Мајк Тоби, но тој не играше во квалификациите, а се покажа дека и Џордан Морган е одличен како натурализиран Словенец. Морган вечерва во Копер имаше 22 поени, 13 скока и 4 асистенции.