Кошаркарите на Партизан поведоа со 1-0 со триумфот против Црвена звезда во финалната серија од АБА-лигата, која се игра до три победи.
Во одлична атмосфера, црно-белите славеа со 88-80, трасирајќи го патот кон победата уште рано во натпреварот.
Во првото полувреме постигнаа дури 56 поени, го добија со 20 разлика, а неколку минути пред тоа имаа и максимални +22, 54-32. Ц. Звезда не можеше да шутира толку лошо и по големиот одмор, па почна да ја топи предноста.
Во последниот период влезе со -12, но некаде на половина од него се врати на 83-77 и најави можност за драматична завршница. Сепак; Партизан го одбрани водството, иако резултатот се спушти и на минус пет во последните 30 секунди.
Зек Ледеј со 23 поени беше предводник на Партизан со одличен шут од поле, 3/6 за тројка и 7/11 за два поени, на што додаде и пет скока. Кевин Пантер застана на 19 поени, а Ален Смаилагиќ со 11 беше исто така двоцифрен. Кај Ц. Звезда се истакнаа Огњен Добриќ со 17 коша и Факундо Кампацо со 15 плус 10 асистенции.
Вториот натпревар се игра в четврток од 20 часот.