Босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ одигра неверојатен натпревар, имаше историски настап за Феникс, но неговиот тим загуби на домашен терен од Оклахома со 118-110.
Нуркиќ оствари дури 31 скок на овој натпревар, со што постави нов рекорд по број на скокови на еден меч во Феникс. Но, неговата брлијантна скок игра не беше доволна за Феникс да оствари победа, а тој постигна и 14 поени.
Најдобар во составот на Оклахома беше Гилгеус Александер со 35 поени, а најефикасен кај Феникс беше Бил со 31 поен.