Додека целиот тим на Атланта се мачеше, Никс одиграа лесно и сигурно. Прво почетокот на натпреварот го отворија со серија од 19:3, на полувреме заминаа со 10 поени разлика.
До крајот во ниту еден момент Њујорк не дозволи Атланта да го презеде водството.
Двајца играчи ја одбележаа победата на тимот од Големото јаболко – Џулиус Рендл со 25 поени и 12 скока и Кемба Вокер со трипл дабл.
На крајот на дуелот имаше простор за егзибиција на општо задоволство на публиката во Медисон Сквер Гарден. Оби Топин ги почести гледачите со спектакуларно забивање.