Првите 20 минути имаше изедначена битка, во која за нијанса беа подобри домашните кошаркари, Гостивар поведе со 24-22, а потоа следниот период го доби со два коша разлика за 46-42 на одморот.
Пресудна за победата на Гостивар беше третата четвртина, ја добија со 21-13 и на стартот на последните десет минути имаа позитива од 67-55, доволно за нови бодови и продолжување на бајката.
На втората средба од истиот термин, Куманово беше подобар од Кожув со 92-78 за прв триумф оваа сезона.