Фудбалерите на Реал ја совладаа Севиља со резултат 3:1 во 11. коло од шпанското првенство.
Мадриѓаните во дербито не можеа да сметаат на Карим Бензема, освојувачот на Златната топка поради проблемите што францускиот напаѓач ги има со бутот.
Пред почетокот на мечот трофејот му го врачија Зинедин Зидан и Лука Модриќ, кој веќе во петтата минута од натпреварот го доведе „кралскиот клуб“ во предност против Андалузијците во 450. меч за клубот.
Во главната улога, сепак не беше хрватскиот играч за врска, туку Винисиус Јуниор,кој најпрвин направи голем пробив по левата страна, а потоа покажа исклучителна смиреност кога го проигра Модриќ и го доведе во одлична прилика.
Иако тогаш се чинеше дека работите ќе се одвиваат без проблеми за Реал, не беше баш така. Ерик Ламела израмни на стартот од вториот дел , па му требаше долго време на Реал да постигне уште еден гол.
Нивното чекање вредеше затоа што наместо еден, за две минути постигнаа два гола. Прво преку Лукас Васкез во 79. минута, а потоа и Феде Валверде влезе во 81. минута од натпреварот и тоа на спектакуларен начин.
Реал е на првото место на табелата со 31 бод, шест бодови и натпревар повеќе од второпласираната Барселона. Севиља е на 14. позиција со 10 бодови.
Во следното коло Реал ќе ја пречека Жирона, додека Севиља ќе му гостува на Рајо Ваљекано.
Ла Лига, 11. коло:
Рајо Ваљекано – Кадиз 5:1 (2:0)
Паласон 44п, Гарсија 45+1, Лежен 63, 89, Камељо 79 – Балиу 82аг
Ваљадолид – Сосиедад 1:0 (1:0)
Леон 16
Валенсија – Мајорка 1:2 (0:0)
Кавани 52п – Муричи 66п, Канг Ин Ли 83
Реал Мадрид – Севиља 3:1 (1:0)
Модриќ 5, Васкез 79, Валверде 81 – Ламела 54
недела:
14:00 Еспањол – Елче
16.15 Бетис – Атлетико Мадрид
18.30 Џирона – Осасуна
18.30 Виљареал – Алмерија
21:00 Барселона – Билбао
21:00 Селта – Хетафе