Англија на секој голем турнир оди со големи очекувања, па секојпат се враќа со уште поголеми разочарувања, а вчера навивачите на Островот поставија рекорд во потрошени пари за пиво.
Точно 30.000 пабови низ Англија биле пополнети до последно место, а 23 милиони Англичани го гледаа мечот против Франција во европското класико кое донесе нова „трагедија“ за нив откако Хери Кејн промаши пенал за многу извесни продолженија во четвртфиналето.
Истражувањето на „Глобал Дејт“ денеска покажа дека првпат после ковид-пандемијата имало така исполнети пабови до последно место низ целата земја и дека Англичаните за една ноќ потрошиле 350 милиони фунти, односно 400 милиони евра.
Инаку оваа бројка од 23 милиони гледачи е втора најголема во историјата после рекордните 31 милион во минатото лето кога Англија го загуби финалето на Еуро 2020 од Италија на својот „Вембли“.