Денвер со 115-110 ја победи Јута, Никола Јокиќ имаше уште една брилијантна партија, постигна нов трипл-дабл, вкупно 80. во неговата НБА кариера.

Јокиќ постигна 31 поен, имаше 12 скока и 14 асистенции, и стана само шестиот кошаркар во историјата на НБА кој успеал да дојде до 80 или повеќе трипл-дабл учиноци.
Голем придонес за победата на Денвер имаше и Мареј кој постигна 30 поени, најдобар кај Јута беше Александер-Вокер со 27 поени.

 

Резултати:
Индијана – Бруклин 133:136
Вашингтон – ЛА Клиперс 107:114
Кливленд – Оклахома 110:102
Чикаго – Далас 144:115
Голден стејт – Бостон 123:107
Денвер – Јута 115:110
Портланд – Минесота 124:118
Мајами – Сан Антонио 111:115