Кошаркарите на Феникс Санс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија од плејофот на Западната конференција, бидејќи на домашен терен рутински го совладаа Далас со 121:114.
Од стартот на мечот Санси ги контролираше случувањата на теренот. На полувреме заминаа со +13 и ја задржаа предноста во продолжение. Гостите се заканија во последната четвртина, но тимот на Монти Вилијамс не дозволи пресврт.
На Мавси не им помогна ниту маестралната партија на Лука Дониќ, кој мечот го заврши со 45 поени, 12 скока и осум асистенции. За жал, Лука на овој меч немаше соодветна поддршка од соиграчите.
Во победничкиот тим најефикасен беше Ејтон со 25 поени, Букер постигна 23, а Крис Пол 21.
Во следниот натпревар Феникс повторно ќе биде домаќин, а потоа серијата ќе се пресели во Тексас.