Харден во сезоната 2018/19 имаше просек од 36,1 поен, па така застана зад легендарниот Мајкл Џордан, кој во 1986/87 стигна до просек од 37,1 поен, но синоќа во поразот на Бруклин нетс даде само четири поени.
Ѕвездата на Бруклин погоди само два од 11 удари од игра, промаши пет обиди за три поени, а на линијата за слободни фрлања не се ни појави, а уште поужасен податок е тоа што имаше повеќе загубени топки (шест) отколку постигнати поени.