Звездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ по третпат во кариерата беше прогласен за играч на месецот во Западната конференција од НБА-лигата, откако играше одлично во јануари и запиша седум трипл-дабл на 16 натпревари.

Денвер во тој период успеа да слави на 11 натпревари, додека загуби на пет средби и во моментов се на шестата позиција на Западот со вкупно 28 победи и 22 порази.

Зад најдобриот кошаркар на Денвер е одличен месец во кој просечно постигнуваше по 26,6 поени, 13,3 скокови и девет асистенции, а два меча заврши со повеќе од 20 украдени топки и асистенции.

Во Источната конференција најдобар беше Џоел Ембид. Центарот на Филаделфија во просек постигнуваше по 34 поени, 10,8 скокови и 5,1 асистенција, а неговиот тим во тој период славеше на 12 меча и загуби на три дуели.