Еден од последните кој мисли дека го знае патот за Каунас е поранешниот центар на црно-белите, Никола Пековиќ, кој вели дека белграѓани имаат само една опција ако сакаат да дојдат меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.
„Мора физички да се одигра на Таварес. Сигурен сум дека Обрадовиќ ќе знае како да го сопре во петтиот натпревар. Најважно е да се спречи да постигнува толку поени, макар и да треба понекогаш да се удри“, изјави Пековиќ.
Некогашниот кошаркар на Минесота тимбервулфс, кој извесен период беше и претседател на Партизан, не смета дека Реал Мадрид има психолошка предност бидејќи ги доби последните два меча во Белград. Тој потенцира дека враќањето на Кевин Пантер во црно-белата чета ќе донесе квалитет, но и мотив плус да се одигра уште една фантастична партија во шпанската престолнина, каде што белграѓани двапати славеа на стартот од серијата.