Фудбалерите на Нотингем Форест вчера остварија важна победа во борбата за опстанок, но и натаму ќе стравуваат за своето останување во англиската фудбалска елита.

„Шумарите“ вчера имаа пресметка со фенерџијата Саутемптон и ги освоија трите бода, а радоста на домашните фанови беше зачинета со еден уникатен потег на Морган Гибс-Вајт.
Нотингем плати сериозна сума за да го доведе големиот англиски талент во своите редови, а вчера Гибс-Вајт покажа зошто за него беа издвоени дури 35 милиони фунти пред почетокот на сезоната.

Гибс-Вајт му ја префрли топката на Данило на маестрален начин, а Бразилецот без проблеми го реализираше четвртиот гол на неговиот тим во победата од 4:3.