Пријателски натпревар помеѓу македонскиот фудбалски клуб Малеш од Берово и истоимениот бугарски клуб од Микрево, Бугарија се играше денеска.
Натпреварот се одигра кај нашиот источен сосед, но веројатно најинтересниот момент од истиот е фотографијата пред почетокот на утакмицата. Капитените на двете екипи традиционално позираа со судиите, а најголем впечаток остави еден од помошниците со неговата пополнета градба.