Фиорентина се искачи на седмата позиција на табелата во Серија А , после пресврт оствари триумф во дуелот со Лацио со 2-1.
Гостите го добија првото полувреме благодарение на голот на Луис Алберто во последните моменти. Кајоде израмни во 61. минута, во 68 минута Нико Гонзалез не искористи пенал, но веќе во следниот напад Џакомо Бонавентура ја донесе Фиорентина во водство кое значеше и победа на овој натпревар.