Екипата на Вест Хем стигна до победа (4-2) во голеадата во Лондон против Брентфорд. Лондонскиот тим го имаше во својот состав, расположениот Џерод Боувен кој постигна хет-трик.

Боувен во петтата минута донесе водство за домаќинот, а само две минути подоцна зголеми на 2-0. Брзо возврати и Брентфорд преку Мопеј во 13.минута.

 

 

Боувен во 63.минута го комплетираше хет-трикот а во 69.минута Емерсон постигна фантастичен гол со удар од 25 метри.

Брентфорд постигна и втор гол на овој дуел, а стрелец беше Јоан Виса во 82.минута.