Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски одигра клучна улога во победата на Домжале над лидерот Целје во првата лига на Словенија.
Екипата на Домжале влезе во оваа средба со четири порази во низа и важеше за аутсајдер со оглед на формата на двете екипи, но домаќините водени од нашиот ас направија големо изненадување и славеа со 2-1.
Прво Крстовски одигра важна улога при првиот гол за водство, при што по неговиот удар со глава топката заврши во стативата па се одби до Хемпт на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата.
Неколку минути подоцна веќе беше 2-0 и тоа благодарение на Марио кој шутираше прецизно, а погодокот во прв момент беше поништен поради офсајд, но со помош на ВАР беше констатирано дека се е чисто.
Ова за Македонецот беше седми лигашки гол во најсилната словенечка лига. Домжале со 26 бода е на 6. место на табелата.