Фудбалерите на Челси се на пат да триумфираат на гостувањето кај Лидс во одложениот меч од 33. коло од Премиерлигата, откако по првото полувреме имаат водство со 1-0.
Лондонци згора на тоа имаат и играч повеќе, откако домаќинот во 24. минута остана без Даниел Џејмс, кој со крвнички старт стартуваше врз Матео Ковачиќ. Неговиот обид да ја избие топката беше толку брутален, што судијата не ни почека да добие реакција од ВАР-собата туку веднаш му даде црвен картон.
Станува збор за играч на Манчестер Јунајтед, кој е на заем во Лидс, кој грчевито се бори за опстанок во Премиер лигата. Хрватскиот интернационалец мораше да биде заменет по стартот, бидејќи не можеше да ја продолжи средбата.