Интер го совлада Калјари на гости со 1-3 и не се предава до крај во трката за шампионската титула. Сега Милан повторно има два бода предност во пресрет на последното коло во Серија А следниот викенд. Тогаш Милан ќе му гостува на Сасуоло, а Интер ќе игра против Сампдорија на домашен терен. На „росонерите“ им е доволно и реми за да бидат шампиони.
Матео Дармијан во 25.минута донесе водство за Интер, а го удвои Лаутаро Мартинез во 51.минута. Но, само две минути подоцна Хараламбос Ликојанис намали на 1-2. Сепак, Лаутаро Мартинез со својот втор гол го разреши дилемите околу победникот во 84.минута.
Standings provided by SofaScore LiveScore