Домаќинот Германија е првиот осминафиналист на Европското првенство. Селекцијата на Џулијан Нагелсман ја обезбеди и втората победа во групата, совладувајќи ја Унгарија со 2-0 во Штутгарт. Со тоа има шест бода и ќе игра во нокаут фазата.

Германците беа подобар противник, иако и Унгарија не беше инфериорна на овој дуел.

Џамал Мусијала го отвори резултатот во 22.минута откако Илкај Гундоган искористи едно невнимание во противничката одбрана и го проигра офанзивниот играч за врска кој стана првиот фудбалер со два постигнати гола на турнирот.

Во второто полувреме, Илкај Гундоган постигна втор гол за Германија во 67.минута и го реши победникот.

Меѓутоа херој на првиот дел кој се одигра во Штутгарт беше и голманот Мануел Нојер. По еден слободен удар и шут преку живиот ѕид од страна на Доминик Собослаи, ветеранот на германската репрезентација со атрактивна парада го спаси својот гол.