Тимот на Бразилскиот Атлетико Миниеиро оствари голем триумф во првиот полуфинален натпревар од Копа Либертадорес, славејќи со убедливи 3-0 над екипата на аргентинскиот Ривер Плата.
Аргентинците беа во подредена улога во текот на целиот натпревар, упатија само еден шут во рамките на голот, па затоа не можеа да се надеваат на поволен резултат. Херој на домаќините беше 33-годишниот напаѓач Дејверсон, кој постигна по еден гол во двете полувремиња, а во листата на стрелците се запиша и Паулињо, кој ги постави конечните 3-0 во 74. минута од пресметката.
Домашните фанови имаа многу причини за славење, затоа што нивните миленици со една нога се веќе во големото финале и само чудо ќе може да ги сопре во походот кон финалето и борба за титулата.