Душан Влаховиќ голгетерот на Фиорентина е еден од најбараните играчи на пазарот. Тоа ќе биде главната ѕвезда на зимскиот преоден рок.
Затоа што со одбивањето на понудата на Фиорентина да стане најплатениот играч во историјата на клубот со продолжување на договорот, тој самиот си го означи почетокот на аукцијата.
Договорот на Влаховиќ со Фиорентина истекува во летото 2023 година, но откако тој одби да стане „новиот Батистута“, Фиорентина сака што побрзо да го продаде за да заработи што повеќе пари. Таа ја одреди и цената за која е подготвена веднаш да го продаде Влаховиќ – 80 милиони евра.
Важи за сите клубови освен за Јувентус. Имено, Фиорентина по никоја цена не сака да го продаде Влаховиќ на голем ривал.
Според Алфредо Педула заминувањето на Влаховиќ во лето е поверојатно отколку во зима следната година. Тој пишува и дека Јувентус е заинтересиран, но дека приоритет на Фиорентина е да го продаде Влаховиќ во странство. Тој открива дека Антонио Конте при преземањето на Тотенхем минатата недела од раководството на клубот го посочил доведувањето на Влаховиќ како приоритет. Сепак, истиот извор наведува дека негов голем конкурент ќе биде Ливерпул.