Шпанскиот првак Барселона оваа сезона игра доста променливо, игра лошо во дефанзива, како да им недостасува цврстина и покривање на противничките напаѓачи што резултира со многу примени голови. Дури и екипи кои не се во рангот на Барса и тотални аутсајдери лесно постигнуваат голови во мрежата на каталонците.

Фудбалерите на Барселона создаваат доста шанси но реализацијата тешко им оди, оваа сезона во Примера, така да на многу натпревари имаат постигнато само поеден гол. Полската гол машина Левандовски тешко постигнува голови во есенскиот дел од Ла лига а и во ЛШ.

Претседателот на клубот Лапорта и стратегот Чави Хернандес се во потрага по решение на проблемот, па уште на почетокот на 2024 год.  ќе мора да го донесат бразилскиот тинејџер Витор Роке од Палмеирас. Роке игра одлично во бразилската лига и ќе треба да му биде голема поддршка на Лева и останатите напаѓачи.

Подолу во видеото можете да погледате една компилација со фудбалските мајстории и атрактивни голови на бразилскиот фудбалски талент.