Рома гостуваше кај Интер во дербито од 8.коло во Серија А и победи со 2:1 по 90 одиграни минути. Со тој резултат таа привремено дојде до четвртото место на табелата, а Жозе Мурињо знаеше тоа да го прослави. Португалскиот стручњак немаше право да го следи натпреварот поради казната што ја заработи при поразот од Аталанта, па ја гледаше на телевизија во клубскиот автобус. Сепак, после тоа замина во соблекувалната каде со своите играчи славеше три бода.

https://twitter.com/chiaraamucciar1/status/1576285019693551618?s=20&t=Vt7NnnEpjtInDSGkM6xa-A